ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

За едно деноноќие 17.596 патници излегле преку Богородица, колони и на Дојран

За едно деноноќие 17.596 патници излегле преку Богородица, колони и на Дојран

Во периодот од вчера до денеска напладне, 17.596 патници ја напуштиле Македонија преку граничниот премин Богородица, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив биле 5.948 македонски и 11.648 странски државјани. Во обратна насока, преку истиот премин во земјата влегле 16.113 патници.

Засилен сообраќај бил регистриран и на Дојран, каде што во истиот период биле евидентирани 2.278 излези и 1.694 влезови.

Големиот број возила предизвикал долги колони на двата премина, а кај Дојран колоната се протегала низ Стар Дојран.

Од МВР информираа дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресурси за забрзување на протокот и спроведување на задолжителните гранични контроли.

ad
Слично

Поврзани вести