ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За граѓаните важат казни, за функционерите не смее да важат привилегии“: Зајкова бара целосна транспарентнот за платите на Фетаи

„За граѓаните важат казни, за функционерите не смее да важат привилегии“: Зајкова бара целосна транспарентнот за платите на Фетаи

Владата не смее да молчи кога станува збор за народните пари, истакнува пратенилчката и лидерка на ЛДП, Монија Зајкова, која објави дека поднела прашање колку пари му се исплатени на поранешниот вицепремиер за добро владеење додека не одел на работа. Воедно укажа и дека ЛДП како партија ќе бара институционална одговорност. 

- Денес поднесов пратеничко прашање: колку точно пари се исплатени на Арбен Фетаи додека самиот јавно призна дека не одел на работа, кој ја одобрил таа исплата и кој ќе сноси одговорност?

За граѓаните важат казни, за функционерите не смее да важат привилегии. Законот мора да биде ист за сите. Одговорност до последен денар - нагласува Зајкова во објавата на нејзиниот Фејсбук профил. 




На веб страната на ЛДП пак е псоочено дека „со цел институцуонална одговорност за случајот на екс-вицепремиерот Фетаи, а сегашен „специјален пратеник“ на Владата во Брисел, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, денеска премина во директна институционална акција и поднесе официјално пратенички прашања упатено директно до премиерот за сите исплатени денари и за одговорноста за селективната правда“.

- Зајкова од премиерот бара итни писмени одговори и целосна транспарентност до денар за парите што му се исплатени на функционер кој самиот јавно потврди, а Владата верификуваше, дека со месеци самоиницијативно не доаѓал на своето работно место. Со пратеничкото прашање се бара точно да се дефинира бројот на денови на неоправдано отсуство, прецизниот износ на исплатената нето и бруто плата, придонесите, како и сите потрошени средства за репрезентација, службени патувања и дневници за него и за неговиот кабинет.

Суштинскиот фокус на барањето на ЛДП е ставен врз одговорноста за кршењето на законите и системската селективност. Зајкова во прашањето директно бара одговор дали некој понел одговорност за тоа што одобрил и потпишал исплата на плата за функционер кој јавно потврди дека со месеци не доаѓа на работа и што конкретно ќе преземе Владата за да гарантира дека законите ќе важат еднакво за сите вработени во јавниот и државниот сектор - стои во соопштението објавено на веб страната на ЛДП.

Потоа додаваат дека ЛДП инсистира Владата да достави и официјални архивски документи доколку воопшто постои решение со кое од Фетаи се бара да ги врати парите назад во буџетот. 

Исто така ЛДП порачува дека нема да дозволи овој случај да заврши како уште еден заташкан политички пазар во кој за обичните граѓани и вработени важат ригорозни казни за секој минута доцнење, додека за функционерите што ги бојкотираат институциите се дели награда со дипломатска фотелја во Брисел.

ЛДП ја продолжува бескомпромисната борба за заштита на народните пари и расчистување на скандалот со именувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник во Брисел.


ad
Слично

Поврзани вести