Загина тинејџерка на мотоцикл во Струмица, уапсен пијан возач
МВР објави дека е уапсен струмичанец, кој додека управувал возило со 1,75 промили алкохол, учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна сопатничка на мотоцикл
„На 13.08.2026 во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Д., констатирани во Медицински центар Струмица“, информира полицијата.
Јај возачот на возилото „сеат“ било извршено алкотестирање и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта и тој е лишен од слобода. Исто така, било констатирано дека возачот на мотоциклот, А.Д го управувал нерегистриран и без возачка дозвола
Сообраќајот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, кај Турново, бил во прекин во двата правци во периодот од 00:00 до 02:30 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Слично
