ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Запрена истрагата за вработениот од Народна банка што наводно го криел пиштолот на Палчо

Запрена истрагата за вработениот од Народна банка што наводно го криел пиштолот на Палчо

Обвинителството ја запре истрагата против вработениот во Народната банка кој лани во јуни беше посочен како лице кое му помагало на Љупчо Палевски да го сокрие пиштолот со кој ги егзекутирал Вања Ѓорчевска и Панче Жежов.

Претходно обвинетиот Велибор Манев во завршен збор рече дека му било кажано да го предаде пиштолот на човек вработен во Народна банка, припадник на политичката партија „Десна“.

„Бидејќи ме нарече лажго и сака да ми натовари вина дека јас сум ги убил Вања и Панче, еве ќе кажам дека лично тој ми се јави од турска граница и ми рече да му се јавам на З. Д. од Народна банка, член на Десна. По израз на Палевски, ми рече да му се јавам на З. Д. ‘пакетот’ да го отстрани откај него, да го фрли и уништи. Да не може да се најде. После тоа морав да го известам дека сум се јавил и сум пренел порака. Лажев за него, иако го има на камерите“, кажа Манев за ранецот со оружјето, што во разговор со тогаш избеганиот Палевски го нарекувале пакет.

Од Обвинителството велат дека по извршените проверки не биле обезбедени докази дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се водела истрагата. 

Против лицето се водеше истрага за „помагање на сторител по извршено кривично дело“ согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик, а во рамки на постапката беа извршени и претреси.

„По извршените проверки, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за запирање на истражната постапка бидејќи не се обезбедија докази дека пријавениот го сторил наведеното кривично дело“, соопшти Обвинителството. 


ad
Слично

Поврзани вести