ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена не може да оди откако се породила со царски рез во болницата во Штип, ќе следи вонредна инспекција

Жена не може да оди откако се породила со царски рез во болницата во Штип, ќе следи вонредна инспекција

Вонредна инспекција ќе има во Клиничката болница во Штип каде по царски рез со тешки невролошки последици остана 19 годишна пациентка. 

Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи.

Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор.

По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот.

Во меѓувреме, министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека вонреден надзор ќе биде спроведен во сите три здравствени установи во кои се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од село Баница.

Според информациите што ги објави „Слободен печат“, пациентката по вториот царски рез, извршен во Клиничката болница во Штип, развила параплегија и моментално се движи со инвалидска количка.

фото принтскрин јутјуб

ad
Слично

Поврзани вести