ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Жена од Кратово приведена по напад врз посетители на Куклица

Жена од Кратово приведена по напад врз посетители на Куклица

Четириесет и едногодишна жена од Кратово била приведена по пријава дека физички нападнала повеќе посетители на локалитетот „Куклица“, информираа од СВР Куманово.

Според полициското соопштение, нападот се случил на 2 август околу 18 часот, а жената со иницијали С.Д. била лишена од слобода следниот ден во 19.30 часот од полициски службеници од ОВР Кратово.

По насоки на јавен обвинител, таа била задржана во полициска станица.

Од полицијата најавија дека по целосното документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

ad
Слично

Поврзани вести