ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЖЕШТИНИТЕ ЈА НАМАЛУВААТ ПРОДУКТИВНОСТА НА РАБОТНИЦИТЕ: Како да си помогнеме?

ЖЕШТИНИТЕ ЈА НАМАЛУВААТ ПРОДУКТИВНОСТА НА РАБОТНИЦИТЕ: Како да си помогнеме?

Летните горештини ја намалуваат продуктивноста на работниците. Ова е наведено во извештај на Меѓународната организација на трудот.

Oбјаснуваат дека температурите над 24–26 степени се поврзани со намалена продуктивност. На 33–34 степени, работникот губи 50 проценти од својот работен капацитет. Изложеноста на прекумерни нивоа на топлина може да доведе до топлотен удар, понекогаш дури и со фатален исход. Работниците во сите сектори се погодени, но одредени занимања се особено изложени на ризик бидејќи вклучуваат поголем физички напор или се одвиваат на отворено. Ваквите работни места обично се во земјоделството, градежништвото, собирањето отпад, транспортот, туризмот и друго. Индустриските работници во затворени простории се исто така изложени на ризик. Се смета дека флексибилното работно време или почести паузи можат да помогнат.

„Продуктивноста паѓа затоа што при високи температури, се намалува притисокот, се олабавува мускулатурата, концентрацијата исто се намалува. Ако луѓето почувствуваат некои симптоми, да не чекаат, ако малаксуваат, да се реагира веднаш. Треба да ги следат препораките. Лесна храна, течности да се внесуваат, посебно ризични се хронично болните“, вели Јасминка Петрушевска, општ лекар.

Кај луѓето може да се јави и „мозочна магла“,  недостаток на фокус, намалување на концентрацијата во период со топлотни бранови. 

„Нормално дека жештината влијае на луѓето. Летото како е лето е многу топло, посебно овие денови. Навистина малку поанксиозни се луѓето, а кога влегуваме во септември, стануваат постабилни. Летото влијае и на менталното здравје“, рече Илдита Биљали, психолог.

Според Меѓународната организација на трудот, економските загуби поради топлотен стрес на работното место беа проценети на 280 милијарди американски долари во 1995 година, а оваа бројка се предвидува да се зголеми на 2.400 милијарди американски долари во 2030 година. Топлинскиот стрес е позастапен во земјите со дефицит на пристојна работа. Севкупно, земјите кои се најпогодени од топлотен стрес имаат повисоки стапки на сиромаштија и неформално вработување.

Некои подрегиони се изложени на поголем ризик од негативни последици од глобалното затоплување. Се очекува Јужна Азија и Западна Африка да бидат најтешко погодени. Според сценариото за глобално затоплување од 1,5 степени до крајот на векот, топлотниот стрес во овие два подрегиони би довел до губење на 5,3 проценти и 4,8 проценти од работните часови во 2030 година, што одговара на околу 43 милиони и 9 милиони работни места со полно работно време, соодветно во двата региони. 

Сања Атанасовска

foto Gemini

ad
Слично

Поврзани вести